Рускиот претседател Владимир Путин денеска гласаше електронски за руските парламентарни избори, бидејќи е во изолација поради големиот број на заразени лица со ковид 19 во неговата околина.
„Во овие услови на здравствени ограничувања, карантин, ја извршував својата граѓанска должност преку Интернет“, рече Путин, според снимките што ги пренесува руската телевизија.
Тој ги повика Русите да излезат на гласање или да ја користат електронската апликација во седумте региони каде што е достапна.
Во Русија денеска започнаа парламентарни и локални избори, со отворање на првите избирачки места на Далечниот Исток. Почетокот на изборите официјално го најави претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, за време на состанокот на ова тело, што се емитуваше преку Интернет.
Изборите ќе траат три дена, до 19 септември, со цел да се ограничи ризикот од ширењето на ковид 19.