Путин го обвини МОК за етничка дискриминација

од Radmila Tasevska
224 прегледи

Претседателот на Русија, Владимир Путин, го обвини денеска Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за етничка дискриминација, бидејќи поради војната во Украина, руските спортисти можат само во ограничен број и под неутрално знаме да настапат на Олимписките игри 2024 во Париз.

„Благодарение на некои челници на МОК дознавме дека самите Игри можат да бидат искористени како инструмент за политички притисок против луѓе кои немаат никакви врски со политиката и де факто како инструмент за етнички расна дискриминација“, рече Путин во Перм во говор посветен на спортот.

Руските спортски екипи се суспендирани од меѓународните натпреварувања, откако минатиот февруари почна војната во Украина.

На Игрите следната година во Париз спортистите од Русија би можеле да се натпреваруваат под неутрален статус, без државни обележја и химна.

Слични содржини