Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одликуваше американскиот актер Стивен Сигал со Орден за пријателство.
Во указот објавен на официјалниот интернет портал за правни информации, се наведува дека Стивен Фредерик Сигал е награден „за големиот придонес во развојот на меѓународната културна и хуманитарна соработка“, пренесува РИА Новости.
Во ноември 2016 година, Путин потпиша декрет со кој на Сигал му се дава руско државјанство.