Путин го официјализираше "биполарниот светски поредок": Русија е против светски поредок со еден безусловен лидер

од desk3
106 прегледи

Русија не сака светски поредок со еден безусловен лидер, кој смета дека се му е дозволено, а на другите – само она што тој ќе реши, тоа го изјави рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од Интерфакс.

“По повод тоа што против нашата земја се води војна- војна, фала богу нема. Но има обид да се задржи нашиот развој со различни средства, има обид да се прицврсти постоечкиот, формиран во последните децении, по распадот на СССР, светски поредок, во кој на чело е еден безусловен лидер кој сака да го задржи своето место на таков. Тој смета дека може сè, а на другите е корисно само она што тој ќе реши и тоа само ако е во негов интерес. Русија никогаш нема да се согласи со таков светски поредок “, убеден е рускиот претседател.