Путин го осуди обидот за насилно превземање на власта во Турција

од desk3
92 прегледи

Претседателот на Русија Владимир Путин, во телефонски разговор со турскиот колега Реџеп Ердоган, во врска со обидот за насилно превземање на власта на демократски избраниот претседател на Турција, ја истакна принципиелната линија на Русија за категорично оневозможување на неуставни активности и насилство во државниот живот, соопшти пресслужбата на Кремљ, пренесува Интерфакс.

putin-erdogan-2
Владимир Путин изразил и сочувство по повод многубројните жртви, како меѓу мирните граѓани, така и од страна на силите на редот, кои се спротивставиле на заговорниците. Тој побарал обновување на одржливиот уставен поредок и стабилност во Турција.

Група турски војници неуспешно се обиде да оствари вооружен преврат во ноќта спроти 16 јули. Во текот на судирите загинаа 260 лица.

Слични содржини