Путин го ОТПОВИКА НАПАДОТ врз фабриката Азовстал?

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Москва соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин го откажал нападот на фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

„Врховниот командант издаде наредба за откажување на нападот. Нема напади, сите го гледаме тоа. Ескалации се случуваат кога екстремистите излегуваат и се обидуваат да отворат оган, но таквите обиди ги неутрализираме многу брзо“, истакнал портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската новинска агенција ТАСС.

Претходно пред јавноста се обрати и градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко кој рече дека во зоната на фабриката за челик Азовстал се водат жестоки борби. Тој додаде дека Киев изгубил контакт со украинските борци кои биле заробени во објектот, кој се смета за последно упориште во градот Мариупол, пренесува „Ројтерс“.

Да потсетиме, денеска Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана изјави дека руската армија ја презела контролата врз Мариупол.

Слични содржини