Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека се надева дека неговата трилатерална средба со лидерите на Ерменија и Азербејџан ќе резултира со потенцијално решение за Нагорно Карабах.
„Знам дека имате политичка волја за тоа и ја поддржуваме на секој можен начин. Треба сега, а потоа и во трилатералниот формат, да ги најдеме клучните точки што ќе ни овозможат да продолжиме напред“, рече Путин за време на состанокот со ерменскиот премиер Никол Пашинјан, пренесува ТАСС.
Рускиот претседател посочи дека Ерменија е долгорочен стратешки партнер и сојузник на Русија и додаде дека решавањето на конфликтот е важно за Русија.