Путин го покани Вучиќ во Москва

од Nikola Popovski
64 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин го поканил српскиот претседател Александар Вучиќ во Москва, објавија неколку српски медиуми.

Поканата е испратена по повод одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, на 9 мај 2025 година.

„Ве поканувам да учествувате на свеченостите по повод 80-годишнината од победата во Големата патриотска војна, што ќе се одржи во Москва на 9 мај 2025 година“, стои во поканата која ја објави РТС.

Како што се додава, овој најважен датум го симболизира крајот на најстрашната војна во историјата на човештвото.

„Ние оддаваме длабока почит кон херојството на нашите татковци и дедовци и ги поклонуваме главите пред бројните жртви на нацизмот. Убеден сум дека зачувувањето на споменот на Големата победа ќе ја зајакне заедничката определба да се спротивставиме на какви било манифестации на неонацизам и ќе ја зголемиме конструктивната соработка со цел да се обезбеди мир и безбедност на планетата. Искрено ќе ми биде драго да ве видам во Москва“, напишл Путин во поканата до Вучиќ.

Да потсетиме, секоја година во мај во Русија се слави Денот на победата над фашизмот, односно денот кога нацистичка Германија ја потпиша капитулацијата за Втората светска војна.

Слични содржини