Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се дозволува мобилизација на луѓе кои извршиле тешки кривични дела, пренесоа денеска агенциите.
Како што е наведено, законот исклучува мобилизација на сторители на сексуално вознемирување на деца, предавство, шпионажа и тероризам.
Путин денеска изјави дека во Русија во рамки на делумната мобилизација се мобилизирани 318.000 луѓе.
Според него, бројот на волонтери не се намалува.
– Досега 49.000 луѓе извршуваат борбени задачи во руските трупи, а останатите учествуваат на обука, рече Путин.
На 21 септември Путин најави делумна мобилизација.
Русија претходно најави дека во мобилизацијата ќе бидат вклучени 300.000 резервисти.