Путин го слави својот 72 роденден, од Кремљ тврдат дека работи деноноќно

од Nikola Popovski
30 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го слави својот 72 роденден, a ова е 21 пат како ќе го прослави на највисока државна функција. Неколку лидери веќе упатиле честитки до лидерот на руската држава.

Според руските медиуми, како и претходните години, Путин роденденот ќе го поминел во работна атмосфера.

За првата половина на денот се планирани бројни затворени работни состаноци, а вечер ќе се сретне со лидерите на Заедницата на независни држави (ЗНД) во Москва пред самитот закажан за вторник.

Како што вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претседателот не може да си дозволи ниту еден ден одмор. Според соопштението на Кремљ, Путин е на должност речиси деноноќно.

Само во 2014 година рускиот лидер направил исклучок на својот роденден – земал слободен ден. Самиот Путин подоцна признал дека пешачел речиси девет километри низ планините.

Честитки

Патријархот московски и на цела Русија Кирил му го честитал роденденот на Путин. Тој посочил дека претседателот долги години одговорно и посветено и служи на својата татковина, се грижи за сеопфатниот развој на земјата, цврсто чувајќи го нејзиниот суверенитет и вековното културно наследство, како и гарант на уставните права и слободата на сограѓаните.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, исто така, му го честитал роденденот на својот руски колега и истакнал дека Минск ја цени позицијата на Москва насочена кон развој на односите, пренесува прес-службата на белорускиот лидер.

„Вашето длабоко разбирање за историската мисија на Русија и личната одговорност за судбината на народот и татковината се сигурна гаранција за зајакнување на нејзината државност и суверенитет, зајакнување на нејзиниот социо-економски потенцијал и меѓународна власт“, ​​се вели во честитката.

На честитките им се придружиле и лидерите на ДНР и ЛНР, Денис Пушилин и Леонид Пашечник, кои рекле дека судбоносните одлуки на рускиот лидер ја одредиле самата можност за постоење на Донбас.

Според Пашечник, улогата на Путин во судбината на Донбас не може да се прецени.

„Одлуката на рускиот претседател да започне специјална операција беше многу тешка, но тоа е спас за нас. Името на лидерот на нашата земја засекогаш се поврзува со еден од главните настани во историјата на Луганската Народна Република – нашето враќање дома во Русија“, нагласил тој.

Шефот на Крим, Сергеј Аксјонов, истакнл дека во светот повеќе не постои лидер со големината на Владимир Путин.

Слични содржини