202
Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ за пренесување на акциите на најголемиот дилер на автомобили во Русија, компанијата Ролф, на привремено управување на државната Федерална агенција за управување со средства.
Основачот на компанијата Рољф и поранешен пратеник во руската Државна дума, Сергеј Петров, од 2019 година се наоѓа на меѓународна потерница, пренесува Комерсант.
Според руските истражители, Петров правел заговор со раководителите на компаниите под негова контрола и извлекол четири милијарди рубљи во странство преку продажба на акции на компанијата Рољф за преценета сума.