Путин го укина стариот светски поредок

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Војната во Украина и руската интервенција во Сирија ja обележаа пресвртна точка во времето. Добата на западнata  супериорност си отиде. Веќе нема Pax Americana, нема наметнување и гарантиранo од Америка ред. Путин само ја презеде улогата на деструктивните , но зад кулисите демне Кина. Ангела Меркел била права, кога во еден доверлив телефонски разговор со Барак Обама, чија содржина после стана позната забележува дека Путин “живее во друг свет”. Но и Западот прави така. Како мантра во месеците откако Путин го анектира Крим и покажа сериозна поддршка на проруските  сепаратисти во источна Украина. па се зборуваше дека Русија е во меѓународна изолација.

об пу

Зад ова за Европејците се криеше еден свет кој повеќе личеше на XIX отколку на XXI век. Но светската политика одамна веќе не е европоцентристичка, а и Америка подоцна кај Обама загубија  и ја напуштија  својата позиција на сила на светскиот поредок. Се повеќе земји се воздржуваат да го третираат Путин како големиот лепрозен во светската политика: * Рамо до рамо со кинескиот претседател Кци Џинпин рускиот претседател оваа година ги гледаа во Москва и Пекинг парадите на победата за крајот на светската војна. * Минатата среда за 63-тиот роденден Путин беше поздравен од индискиот премиер Наренда , нели трендовски на Твитер. “Се молам за вашето здравје, радост и долг живот”, напиша водачот на народ од милијарда луѓе. * Министерот за одбрана  во блиски врски со САД ,и Саудиска Арабија за кратко време  на два пати ја посети  Москва, за да бидат постигнати договори – иако Саудиска Арабија  го сака соборувањето на Асад, а Москва сака да го спречи тоа. “Со години не се слушаше нас, а неколку бомби и ракети подоцна ја  зголемија  желбата  за да не земаат  за сериозно”, се зборува во Москва – или ентузијастички, или помирливо, во зависност од ентузијазмот или скептицизам во однос на интервенцијата на Путин во Сирија.

Со оглед агресивната надворешна политика на Путин, германската влада и Европската унија треба да се оптоваруваат или с да се  шокираат или  да бидат во паника. Тие треба да се потсетат за еден рецепт од времето на првата студена војна – Хелсиншкиот процес. Тогаш, во 70-тите години на минатиот век, светот имаше зад себе половина дузина кризи, кај некои од кои велесилите  Америка и Советскиот Сојуз беа речиси пред  нуклеарна војна. Корејската војна во 50-тите, народното востание во Источен Берлин во 1953 година, во Унгарија во 1956 година и во Чехословачка во 1968 година, подигнување на Берлинскиот ѕид во 1961 година, Кубанската криза во 1962 г.и Виетнамската војна не доведоа само до зголемување на јазот помеѓу Истокот и Западот. Имаше и зголемено разбирање дека имаме потреба од правила кои треба да ја спречат имплементацијата на студената во жешка војна. Неопходно беше да се спречи Трета светска војна. Поради тоа во 1975 година се обединија европските држави, САД и Канада, и се согласија по тешки, продолжени со  години преговори за неповредливоста на границите, немешање во внатрешните работи на други земји и усогласување со минималните стандарди од правата на човекот. Учесниците на конференцијата за безбедност и соработка во Европа  го потпишаа завршниот документ од Хелсинки. Документот  ја направи Европа побезбедна и – на подолг рок – повеќе слободна.

Бидејќи проширување со брзина на полжав  на слободата  за акција на бранителите на човекови права во земјите од Варшавскиот пакт придонесе за падот на комунизмот. Освен тоа, може да се спори до бескрај кој во денешниот  неред е главен виновник за почеток на втора студена војна – Путин и Русите со своите царски амбиции или Западот со својата експанзија на НАТО и ЕУ на исток до границите на Русија?

Но многу поважно е да се гледа напред. Старите безбедносни структури од минатото столетие веќе не се соодветни. По завршувањето на првата студена војна владите не постигнаа разбирање за понатамошен развој и наивно се оставија на течението на дивидендите од мирот. Војната во Украина и руската авантура во Сирија се последица од овој неуспех. Кога сакаш да ја зголемиш сопствената безбедност или сфера на влијание за сметка на другиот, се додека не дојде до зголемување на напнатоста , и до помалку безбедност и стабилност. Поради тоа  Европа има потреба од нови договори за безбедност и соработка. Да, Европа има потреба од нов договор од Хелсинки.

………………………………………….. ………….

Коментарот е на Матијас Шеп, долгогодишен дописник во бирото на “Шпигел” во Москва. Тој ги  покривал исто така настаните во Кина и САД.