Рускиот претседател Владимир Путин го најави лансирањето на процесот за пристапување кон Шангајската организација за соработка со нови земји членки – Индија и Пакистан, пренесува “Интерфакс”.
Според него, самитот на SCO, која во моментов се одржува во рускиот град УФА, открива нова фаза од развојот на организацијата.
“За прв пат од постоењето на организацијата се поведува постапка за усвојување на нови членови – Индија и Пакистан”, изјави Путин. Покрај тоа, според него, Азербејџан, Ерменија, Камбоџа и Непал “се приклучуваат кон семејството на SCO” во својство на партнери во дијалогот.
Путин, исто така, истакнал дека статусот на учеството на Белорусија во работата на SCO ќе биде зголемен до “држава набљудувач”.
“Уште голем број земји изразија интерес да се приклучат под една или друга форма на нашата организација. Внимателно ќе ги разгледаме нивните барања и ќе ги земеме предвид релевантните барања “, истакна Путин.
Претходно лансирањето на процесот на пристапување на Индија и Пакистан кон SCO објави советникот на Путин Јуриј Ушаков.
SCO е основана во 2001 година Во моментов членовите на СЦО се Русија, Казахстан, Киргистан, Кина, Таџикистан и Узбекистан. Статус на набљудувачи имаат Авганистан, Индија, Иран, Монголија и Пакистан, а статус “партнери во дијалогот” – Баларус, Турција и Шри Ланка.
