Путин: Голема трагедија за целата земја, се истражуваат причините

од Nikola Popovski
384 прегледи

Пукањето на Универзитетот во Перм, каде загинаа шест лица, е голема трагедија за целата земја, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин и упати сочувство до семејствата на жртвите.

-Свесен сум дека ниту еден збор не може да ја ублажи болката од загубата, особено кога зборуваме за млади луѓе кои штотуку го започнуваат својот живот. Ова е голема трагедија не само за семејствата кои ги загубија своите деца, туку и за целата земја, рече Путин.

Тој додаде дека надлежните служби ќе вложат максимални напори да ги истражат причините за ова злосторство, пренесе ТАСС.

Рано утрово, 18-годишен локален жител пукаше во Државниот национален истражувачки универзитет во Перм. Министерството за здравство соопшти дека шест лица загинале.

Истражната комисија објави дека вкупно 28 лица се убиени или ранети. Отворена е кривична истрага по обвиненија за убиство на две или повеќе лица. Напаѓачот е идентификуван како студент на Универзитетот. Тој бил ранет во размена на оган со полицијата, а потоа бил приведен.

Слични содржини