Путин: Хитлерова авантура стана ужасна лекција за целото човештво (Живо)

од Vladimir Zorba
117 прегледи

“Денес одбележувајќи  го овој свет јубилеј ние повторно ја сфаќаме целата грандиозност на победата на нацизмот, горди сме дека токму нашите татковци и дедовци успеаја да ги надминат, сотрат и  да гја уништат оваа темна сила”. Тоа го изјави рускиот претседател Владимир Путин во говорот на Маршот на победата во Москва.

20150509.lkveomztcy
Според неговите зборови “и сега, после 70 години, приказната повторно и повторно го повикува нашиот разум и нашата будност”. “Ние не треба да заборавиме дека идеите за расна супериорност и исклучивост доведоа до најкрвавта  војна”, изјави Путин. Рускиот лидер потсети дека во војната била вовлечена речиси 80% од населението на земјата и беа окупирани многу земји во Европа ” . “Советскиот Сојуз усвои врз себе  го прими најсуровиот удар на непријателот, тука беа концентрирани елитните групи на нацистите, беше концентрирана целата нивна воена моќ, тука се одиграа се  по количество на војници и техника решавачки битки на Втората светска војна”, истакна претседателот на Русија.
Путин  го истакна и придонесот на сојузниците од антихитлеристката коалиција и антифашисти од различни земји. “Наша заедничка задача треба да стане создавање на систем за еднаква безбедност на сите земји во светот изградена на неблокова основа”, истакна Путин. “Ова треба да е систем соодветна на современите закани. Само така ние ќе го гарантираме мирот и спокојството на планетата “, изјави во заклучокот  рускиот лидер Владимир Путин.