Путин и Абас разговараа за конфликтот во Газа, палестинскиот претставник повика на надворешна интервенција

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со палестинскиот лидер Махмуд Абас за ескалацијата на конфликтот во Појасот Газа и начините за негово решавање, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Детално се разговараше за прашањата поврзани со невидената ескалација на палестинско-израелскиот конфликт, пред се во Појасот Газа“, се наведува во соопштението, пренесе РИА Новости.

Рускиот претседател го информираше Абас за чекорите на Москва да помогне во деескалацијата на конфликтот во Појасот Газа.

„Во светло на неодамнешните состаноци со лидерите од Блискиот Исток, Владимир Путин го информираше Махмуд Абас за чекорите што Русија ги презема за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да обезбеди непречена испорака на хуманитарна помош до оние на кои им е потребна“, се вели во соопштението.

Слични содржини