172
Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска остварил телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, а како што пренесуваат медиумите двете земји разговарале за ситуацијата во Појасот Газа.
Како што пренесува „Гардијан“, повикувајќи се на извештај на руската државна агенција Тасс, Путин и Асад повикале на итна испорака на помош за Газа.
Putin and Assad discussed Israeli war crimes on Gaza pic.twitter.com/c9RL1K9Ahy
— Iran Observer (@IranObserver0) October 16, 2023
Руските и сириските лидери повикаа и на прекин на гранатирањето на Газа и на принудното раселување на нејзините жители.
Според извештаите на иранските медиуми, лидерите разговарале за „израелските воени злосторства против Газа“.