Путин и Бајден разговарале 50 минути

од Nikola Popovski
199 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот претседател Владимир Путин разговарале по втор пат овој месец, а на дневен ред беа растечките тензии околу Украина, соопшти Белата куќа.

-Разговорот завршил по 50 минути, се додава во соопштението на американската администрација.

Повикот, инициран од Путин, започнал во 21.35 часот по средноевропско време.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно потврди дека разговорот меѓу двајцата лидери започнал навреме.

-Страните ќе продолжат да разговараат за прашањата покренати на последната видео конференција, а ќе се осврнат и на темата за безбедносните гаранции. Целта на разговорите е „да се постигне компромис, имајќи ги предвид принципиелните меѓусебни позиции“, посочија во Кремљ.

На 7 декември Путин и Бајден разговараа исто така преку видео врска, а разговорот траеше два часа и пет минути.

Слични содржини