Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор му рекол на рускиот колега Владимир Путин дека почитувањето на договорите постигнати на разговорите меѓу Украина и Русија на почетокот на овој месец во Истанбул ќе биде од корист за сите страни, соопшти денеска неговиот кабинет.
„Претседателот Ердоган, кој ја истакна важноста од постигнување прекин на огнот, ефикасно работење на хуманитарните коридори и спроведување безбедна евакуација, истакна дека Турција ќе продолжи да прави се што може за да обезбеди траен мир“, објави Ројтерс.
Турција, која одржува добри врски и со Русија и со Украина, беше домаќин на два одделни разговори меѓу завојуваните страни и се обидува да организира состанок на претседателите на двете земји.