Путин и ердоган се сретнаа во Берлин

од Aleksandar Todeski
287 прегледи

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамките на Самитот за Либија што се одржува во Берлин, се сретна со неговиот руски колега Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија.

Фото: Агенција Анадолија

Ердоган се обрати во делот на состанокот кој беше отворен за медиумите, при што рече дека мултидимензионалната соработка меѓу двете земји дава значаен придонес, што се однесува до решавањето на проблемите во регионот.

Тој нагласи дека 2019 година била добра од аспект на билатералните односи, додавајќи дека со одлучност ги реализирале проектите како „С-400“, имајќи ги предвид националните интереси.

Турскиот претседател говореше и за проектите како „Турски тек“ и нуклеарната централа „Акују“.

– Нашите заеднички напори на терен обезбедија пропорционално спокојство, но главните резултати од нашите напори ќе ги добиеме со состаноците на Самитот во Берлин. Свесни сме за одговорноста која ја презедовме во врска со примирјето, и за напорите кои ги вложувате. Вложивме голем напор за да го убедиме господинот Сераџ, и упатувам благодарност што прифати и го исполни тоа што следуваше на Самитот во Москва, рече Ердоган, додавајќи дека Владата на национално единство го потпишала Договорот за примирје.

– Хафтар кој не го потпиша текстот, уште еднаш покажа дека не е за политичко, туку за воено решение. На Самитот во Берлин треба да се обезбеди примирје и враќање на политичкиот процес, со цел да се обезбеди мир и спокојство во Либија. Исто така, треба да се стави крај на агресивниот став на Хафтар за да може да се спроведе политичкиот процес и другите фази на решението, истакна тој.

Како што јави Анадолија, на средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана на Турција Хулуси Акар, шефот на Одделот за комуникации при турското претседателство Фахретин Алтун, шефот на турската национална разузнавачка служба МИТ Хакан Фидан, специјалниот претставник на Турција за Либија Емрулах Ишлер, кој воедно е и пратеник на АК Партијата од Анкара, како и портпаролот на турското претседателство Ибрахим Калин.

Слични содржини