Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко им дадоа задача на кабинетите на министрите на нивните земји да изготват заеднички план за спротивставување на западните санкции, соопшти денеска шефот на прес-службата на белорускиот претседател Наталија Еизмонт.
Двајцата лидери разговараа вчера во Санкт Петербург, пренесува руската агенција ТАСС.
– На владите им е дадена задача да одобрат и прецизно да развијат заеднички план за спротивставување на санкциите – рече таа во интервју за ТВ каналот „Мир“.
Според портпаролката, претседателите се осврнале и на темата за отстранување на преостанатите пречки при испораките на белоруски производи, вклучително и во сферата на јавните набавки.