203
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Си Џинпинг одвоено одлучија да не учествуваат на самитот на Г20 во Њу Делхи следниот викенд и не разговараа за тоа, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
На прашањето дали Путин и Си ја координирале одлуката да не учествуваат на самитот, тој објасни дека двајцата лидери ги донеле одлуките врз основа на нивните сопствени распореди.
Локалните медиуми претходно објавија дека руската делегација на самитот ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, додека кинеската делегација ќе ја предводи премиерот Ли Кианг.