Путин им го честиташе Денот на победата на лидерите на ДНР, ЛНР, Грузија и Украина

од Stefanija Kuzmanovska
234 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин им ја честиташе на лидерите и граѓаните на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск (ДНР/ЛНР), како и на народите на Украина и Грузија, 77-годишнината од победата во Големата патриотска војна.

Тој, исто така, им честиташе на лидерите и граѓаните на Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Абхазија, Јужна Осетија и посочи дека Денот на победата им оддава почит на војниците и силите во позадина кои го скршиле нацизмот, пренесе „Известија“.

„Денес, наша заедничка должност е да го спречиме заживувањето на нацизмот, кој им донесе толку многу страдања на луѓето од различни земји. Неопходно е да се зачува и пренесе на потомството вистината за настаните од војната, заедничките духовни вредности. и традициите на братско пријателство“, истакнал Путин.

Слични содржини