Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе Велигден на православните христијани, нагласувајќи дека црквата отсекогаш била заедно со народот и со нив споделувала радости и неволји.
„На овој празник, со чувство на длабоко задоволство, сакам да ја истакнам креативната, навистина подвижничка активност на Руската православна црква и другите христијански конфесии, насочени кон зачувување на нашето најбогато историско и културно наследство, решавање на клучни општествени проблеми, зајакнување на семејните институции, едукација на младите, усогласување на меѓурелигиските и меѓуетничките односи“, рече Путин во својата честитка, пренесува Интерфакс.
Рускиот претседател истакна дека црквата отсекогаш била заедно со народот и со нив споделувала радости и неволји и дека денес, соочени со сериозни предизвици, активно се вклучува во дела на милосрдие, помагајќи им на луѓето да најдат силни духовни поддршка.