Путин им нареди на руските воени сили да влезат во источна Украина

од Nikola Popovski
170 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин им наредил вечерва на вооружените сили на Руската Федерација да обезбедат мир во Народните републики Луганск и Доњецк, според указот потпишан од рускиот лидер.

Тој, исто така, му нареди на руското Министерство за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со ЛНР и ДНР.

Путин вечерва во обраќањето до руската нација зборуваше за масовните убиства на етничките Руси кои живеат во источна Украина, без да понуди, како што истакнува Ал Џезира, какви било докази за поддршка на овие обвинувања.

-Таканаречениот цивилизиран свет претпочита да го игнорира геноцидот извршен од Киев во Донбас, рече тој.

Како што потсетува Ал Џезира, САД неодамна предупредија дека Русија најверојатно ќе ги користи обвинувањата за геноцид како изговор за инвазија на Украина.