Рускиот претседател Владимир Путин нареди еднократна исплата од 15.000 рубљи, односно 170 евра, да се подели на припадниците на армијата и полицијата, со цел „социјална заштита“, што се толкува како обид да се добие поддршка за неговата партија Единствена Русија пред парламентарните избори во септември.
На одлуката и претходеше еднократна исплата на сума еднаква на 110 евра на пензионерите пред изборите за долниот дом на рускиот парламент – Државната дума. Рејтингот на популарност на Обединета Русија падна поради зголемените цени заедно со намалувањето на платите.
Според последните официјални податоци, Русија има околу 42 милиони пензионери и 1,7 милиони припадници на армијата, полицијата и националната гарда.
Новинската агенција „Интерфакс“ ја објави изјавата на Андреј Макаров, шефот на буџетската комисија на Државната дума, кој процени дека вкупната вредност на исплатата е повеќе од 500 милијарди рубљи, или речиси 5,77 милијарди евра.
Руските власти се обидуваат да ја спречат зголемената инфлација, а Путин, неколку пати од крајот на 2020 година, и нареди на владата да преземе мерки за да ги стави цените под контрола. Годишната инфлација достигна 6,5%, според руската централна банка.
Владејачката партија во моментов има популарност помала од 30 проценти, според државната агенција за испитување на јавното мислење „ВТсиОМ“, што е пад од 10 проценти во споредба со последните избори за Думата во 2016 година.
Обединета Русија во моментов контролира 75% од местата во Долниот дом, а останатите се партии за кои се верува дека главно го следат Кремљ. Во пресрет на изборите во септември, руските власти почнаа да ја потиснуваат работата на опозицијата и независните медиуми, така што организацијата на уапсениот опозициски лидер Алексеј Навални беше прогласена за „екстремистичка“ и забранета во земјата, а сите негови главни соработници ја напуштија земјата.
Во исто време, водечките независни медиуми, вклучувајќи ја веб-страницата „Медуза“ и ТВ каналот „Дожд“, се етикетирани како „странски агенти“, а истражувачкиот медиум „Проект“ како „непожелна организација“.