Рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на руските војници кои се борат во Украина по повод Денот на националната гарда. Тој им соопштил дека „борбата вклучува зголемен ризик“.
„Русија се гордее со Националните гардисти кои бестрашно ја извршуваат својата должност за време на специјалната операција во Украина“, рече рускиот претседател Владимир Путин во своето видео-обраќање во чест на Денот на руската национална гарда, пренесува руската новинска агенција Тасс.
„Денеска би сакал посебно да им се обратам на војниците и вработените во единиците на Националната гарда кои учествуваат во специјалната воена операција во Донбас и Украина. Почитувани другари, да, вистинската борбена ситуација е поврзана со зголемен ризик. Добро знам како се однесувате во таква ситуација – храбро и професионално, вешто, одлучно и бестрашно. Целата наша огромна земја со право се гордее со секој од вас“, рече Путин.
Тој додал дека руската гарда, „покажувајќи лично херојство, компетентно и јасно ги решава сите најтешки задачи“.
„Ви го честитам професионалниот празник. Сакам да ви се заблагодарам. Ви благодарам за вашата истрајност и беспрекорната служба за Русија, за лојалноста кон татковината, заклетвата и должноста“, вели рускиот претседател.