Путин им врачи одликувања на Кадиров и на осомничениот за труењето на Литвиненко

од desk3
91 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин му врачи орден на шефот на Чеченија, што се случува, токму кога најсилниот човек во Северен Кавказ го поздрави осомничениот за убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов како “вистински патриот”, соопштува “Асошиетед прес”.

Russian President Vladimir Putin congratulates all Russian women on International Women's Day

Од документи објавени на сајтот на Кремљ, станува јасно дека Рамзан Кадиров е примач на Орденот на честа кој се доделува како признание за достигнувања во рускиот јавен живот.

Кадиров беше критикуван од противници на руските власти, откако го пофали осомничениот за убиството на противникот на Кремљ Борис Немцов, дека бил “длабоко религиозен човек”, врзан со Русија. Кадиров изјави дека осомничениот може да бил навреден од коментари на Немцов по нападот против француското издание “Шарл Ебдо”.

Путин, исто така го наградил со медал за “служба на татковината” Андреј Луговој, за кого британската полиција тврди дека го отрул поранешниот агент на руските служби за безбедност Александар Литвиненко.