
“Дејли меил ” пишува дека руски научници на институтот Ростов , измислиле технолошко достигнување со природни сетила на стаорци, за да може да насетат дали експлозивите на џихадистите се потрошени и каков експлозив носат..
Животните ќе предупредат на опасни и илегални материи на време, ако експериментите се покажат како успешни. НО, се појавува една голема пречка а тоа е фактот дека е потребен период од три месеци за стаорците да ги поминат тренинзите. Овие животни живеат само една година, така што експертите ќе мораат да го забрзаат обучувањето на баталјоните стаорци.
Три тима работат во Лабораторија за невротехнолошка перцепција и препознавање во Јужниот федерален универзитет и се надеваат дека ќе развијат дополнителни нерви задолжени за сетилото за мирис кај глувците и ќе овозможат нивните носеви да станат уште почувствителни.

Микроскопот изгледа како перика за глувци, но всушност детектира физиолошки реакции на глувците пред тие да почнат да реагираат. Глувците ќе бидат обучувани и да препознаваат експлозив и дрога.