Путин: Имам добар имунолошки одговор по првата доза на вакцината

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека по втората доза на вакцина против вирусот корона, тој се чувствува добро, дека нема несакани ефекти и дека се појавил добар имунолошки одговор по првата доза.

„Десет минути пред да влезам, бев вакциниран. Како што можете да видите, сè е во ред. Без никакви несакани ефекти и појави. Јас воопшто не се чувствувам како да сум вакциниран. Јас спортував наутро“, изјави Путин пред новинарите.

Тој додаде дека лекарите му рекле дека „по првата вакцинација, веќе има добар имунолошки одговор … Ефектот е позитивен, нема несакани ефекти, се надевам дека нема да има“, резимира рускиот лидер.

Претходно денес, рускиот претседател Владимир Путин објави дека ја примил втората доза на вакцината против „Ковид-19“, три недели по првата вакцинација.

Првата доза на вакцината Путин ја прими на 23 март, а сè помина без присуство на медиумите. Не е откриено која од трите руски вакцини ги примил шефот на руската држава.