Путин изрази сочувство за загубата на животи и понуди помош на Иран во справувањето со последиците од експлозијата, соопшти Кремљ.
Во соопштението се наведува дека Путин им пренел „зборови на искрено сочувство и поддршка на семејствата на жртвите, како и желби за закрепнување на сите повредени“.
Министерството за вонредни ситуации изјави дека амфибискиот авион „Бериев Бе-200“, специјализиран за гаснење пожари, како и воениот транспортен авион „Иљушин Ил-76“, ќе бидат испратени во Иран за да помогнат во гаснењето на пожарот и да спасат животи, пренесува Ројтерс.
Иранските државни медиуми објавија дека во огромна експлозија, веројатно предизвикана од експлозија на хемиски материјали, во Бандар Абас, најголемото пристаниште во Иран, загинале најмалку 25 лица, а повеќе од 700 се повредени.