Путин изгледа уморно, се тревожи рускиот печат

од desk3
107 прегледи

Рускиот “РБК дејли” е загрижен дека Владимир Путин не се појавувал на јавни места од 6 март. Оттогаш кремљскиот сајт информира ретроактивно и за средби пред викендите. Кремљ инсистира дека претседателот е здрав, пренесе ББС.

0000257058-article2

За последен пат претседателот Владимир Путин се појави пред новинарите на 5 март, кога го прими италијанскиот премиер Матео Рензо, пишува весникот. Потоа Путин имаше само една јавна средба – на 8 март.Од Кремљ информираа дека претседателот разговарал со жени чии деца постигнале успеси во различни сфери, и им честита по повод празникот.

Всушност, сепак оваа манифестација беше снимена однапред од личниот снимател на шефот на државата, соопшти за изданието учесник во средбата. Според него, претседателот направил добар впечаток на жените, но изгледал уморно.

Весникот наведува “само јавни средби” со учество на Путин од 6 март натаму. Кремљскиот сајт тврди дека на 10 март, претседателот разговарал со еден од сибирските гувернери, но блиски до Кремљ извори на “РБК дејли” велат дека на овој ден предметниот службеник не доашол таму.

На 11 март претседателската прес служба информира за средба на претседателот со друг гувернер, но локално издание кажало за неа уште на 5 март, пишува весникот. Претседателскиот прес секретар Дмитриј Песков сепак инсистирал пред новинар на весникот дека двете средби се одржани во деновите наведени на кремљскиот сајт.

Владимир Путин ја одложи планираното за оваа недела посета на Казахстан, веројатно поради болест, соопшти вчера Ројтерс, цитирајќи анонимен казахстански владин функционер.

Песков увери дека Путин “се чувствува добро”, пишува електронското издание “Курс”. Прес секретарот потврди дека посетата се одложува, но не посочи причината, ниту нов датум. Путин требаше да биде во Астана на 12 и 13 март за средба со претседателите на Казахстан и Белорусија – трите главни земји учеснички во планираниот од Москва Евроазиски економски сојуз.

Според руски претставник, оваа средба ќе се одржи уште овој месец, пишува “РБК дејли” и потсетува дека во петокот е предвидено Путин да учествува на состанокот на колегиумот на Федералната служба за безбедност, а на 17 март да разговара со организаторите на претстојните прослави на 70-годишнината од победата во Големата патриотска војна.

Во меѓувреме се разбра дека Кремљ ненадејно го одложи на неодредено време потпишувањето на договор со Јужна Осетија. Делегација од Цхинвали дури пристигнала за настанот во Москва и одложувањето било неочекувано за неа, пишува “Московскиј комсомолец”. Русија ги признава сецесионистичките грузиски области Јужна Осетија и Абхазија за независни републики. “Уште пред неколку дена се тврдеше дека договорот ќе биде потпишан токму на 11 март, при посета на Леонид Тибилов, претседателот на Јужна Осетија, во Москва. Во рамките на посетата беа предвидени и преговори на највисоко ниво”, додава “Московскиј комсомолец “.