Путин изрази сочувство по повод смртта на Горбачов

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Рускиот претседател изрази длабока тага поради смртта на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, објави Кремљ во вторникот вечерта, додека другите светски лидери му оддадоа почит на човекот кој одигра клучна улога во завршувањето на Студената војна и падот на железната завеса. објавија агенциите.

– Владимир Путин ја изразува својата најдлабока тага по смртта на Михаил Горбачов и утрото ќе испрати телеграм со сочувство до (неговото) семејство и роднини – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од агенцијата ТАСС.

Последниот советски лидер и добитник на Нобеловата награда за мир почина во вторникот во Москва на 92-годишна возраст по долго боледување, објавија руските агенции.

Слични содржини