Неколку медиуми објавија дека претседателскиот авион тргнал од Москва, а „Некста“ јавува дека авионот чиј почеток на летот до Санкт Петербург можел да се следи на апликацијата FlightRadar24, „исчезнал“ од апликацијата во близина на градот Твер.
Тие забележуваат дека Путин има една од неговите резиденции во регионот Твер и дека авионот, специјално модифициран Il-96 300PU, е опремен со се што е потребно за управување со армијата.
❗️ Putin's plane took off from Moscow and disappeared from radar#Putin's special Il96-300PU (Point of Control) plane took off from #Moscow toward St. Petersburg at 14:16 Moscow time, FlightRadar data shows. The flight's destination was not specified, and it disappeared from the… pic.twitter.com/7m6NBryjvA
— NEXTA (@nexta_tv) June 24, 2023
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков тврди дека Путин останал во Москва, на своето работно место.