Путин ја отфрли можноста за враќање на Русија во Г-7

Членството на Русија во Г-7 беше суспендирано на неопределено време по пропојувањето на Крим во 2014 година.

од Бети Божиноска
288 прегледи

Враќањето во Групата седум развиени земји (Г-7) нема смисла за Русија бидејќи Западот секогаш ги игнорирал нејзините интереси, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин од Светскиот младински форум во Сочи, пренесува РТ.

Путин истакна дека до неодамна многу земји, вклучително и Русија, се обидуваа да се приклучат на Западот и да се ѝ приклучат на групата најголеми развиени економии во светот. Членството на Русија во Г-7 беше суспендирано на неопределено време по пропојувањето на Крим во 2014 година.

„Москва подоцна сфати“, објасни Путин, дека „нема смисла“ повторно да се приклучи на Г-7 бидејќи „никој таму“ не ги зема предвид нејзините интереси.

„ Тоа е проблем. И тоа е грешка на нашите западни партнери,“ истакна рускиот лидери и додаде дека во реалноста, „богатите земји не се подготвени да создадат систем на меѓународни економски односи кој би ги отворил пазарите за економиите во развој и кој би создал ливерални услови за развој и раст.

Г-7, составена од САД, Канада, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија и ЕУ, беше позната како Г-8 пред суспензијата на Русија.

Обраќајќи им се на учесниците на форумот, Путин истакна дека и покрај моменталната хиерархија во западниот свет, „желбата за независност и заштита на нечиј суверенитет сè уште излегува на површина. Ова е неизбежно за цела Европа“.

Светскиот младински форум се одржа во Сочи од 1 до 7 март и на него учествуваа околу 20.000 млади луѓе од целиот свет. Фестивалот содржи голем број културни и спортски настани, натпревари, изложби и различни панел дискусии. По завршувањето на форумот, учесниците ќе посетат 30 града низ Русија во периодот од 10 до 17 март.

Слични содржини