292
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го покани рускиот претседател Владимир Путин да ја посети Северна Кореја, што рускиот претседател го прифати, објавија денеска севернокорејските државни медиуми.
Новинската агенција КЦНА не прецизираше кога би можела да се одржи посетата.
Ким му рекол на Путин дека нивната средба на рускиот Далечен Исток ги донела билатералните односи на ново ниво и изразила подготвеност за поттикнување стабилни односи ориентирани кон иднината во следните 100 години, пренесе КЦНА.