Путин: Ја продолжуваме соработката со Трамп и со САД

од Vlatko K
168 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека Москва ќе соработува со САД и актуелниот претседател Доналд Трамп.

– Не постои друг претседател на САД, ниту постојат други САД. Ќе продолжиме да соработуваме, истакна Путин, додавајќи оти САД се „најголема светска сила, лидер во многу работи“.

– САД се природен партнер (на Русија) во многу области, меѓу кои меѓународната безбедност, неширење на оружје за масовно оружје, борба против тероризмот, борба против климатските промени и заштита на животната средина, наведе Путин.

Тој додаде дека се надева оти ќе исчезнат сомнежите за наводното руско мешање во изборите во САД.

– Се надевам дека внатрешнополитичките кавги во САД ќе престанат со труење на руско-американските односи и со влијанието на ситуацијата во светот, посочи Путин.

 

Слични содржини