
Рускиот претседател, Владимир Путин исполни уште една новогодишна желба на девојче од Курск. Ана пред извесен период му напишала писмо на Путин во кое му ја кажала скромната желба, го замолува да и подари домашен миленик бидејќи нејзините родители биле многу сиромашни и не можеле да си дозволат да и купат љубимец.
https://www.youtube.com/watch?v=v-36SlzVPPs
Во средата, на вратата од домот на Ана се појавила градоначалничката на Курск, Олга Германова заедно со сојузниот инспектор Валериј Кобџиев и и донеле поздрав од претседателот, мал црн лабрадор.

Во поздравот кој го пратил Путин до Ана, стоело дека го заслужила овој подарок бидејќи била одлична ученичка која постојано оди на натпревари и победува, а исто така се занимава со јавање, но е доста активна и во повеќе сектори.
Кучето кое Путин го поклонил на девојчето го добило името Ундина.