Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде вакциниран подоцна денес со една од трите руски вакцини, но не пред камери, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Претседателот сè уште не е вакциниран, но очекуваме (дека ќе биде) до крајот на денот, вечерва. Ние нема да го прикажеме тоа, ќе мора да верувамена зборот“, изјави Песков пред новинарите, додавајќи дека Путин „не сака вакцинирање“ пред камерите.
Песков, исто така, одби да прецизира дали Путин ќе биде вакциниран со Спутник V или со една од другите две вакцини што земјата ги има развиено.
„Тој ќе биде вакциниран со една од тие три вакцини, нема да кажеме точно која“, рече портпаролот, пофалувајќи ја „ефикасноста и веродостојноста“ на руските вакцини.
Путин (68) најави дека ќе биде вакциниран денес, што се очекуваше подолго време.