Путин: Ќе го олесниме извозот на украинско жито, укинете ни ги блокадите

од Stefanija Kuzmanovska
124 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа, по трилатералниот состанок на процесот во Астана во Техеран, најави дека Русија ќе го олесни извозот на украинско жито преку Црното Море, но дека сака да се укинат сите ограничувања за испорака на руско жито по воздушен пат.

Тој изрази надеж дека ограничувањата ќе бидат укинати со цел да се подобри состојбата на меѓународните пазари за храна, пренесува РИА Новости.

Рускиот претседател посочи дека Гаспром секогаш ги исполнувал, исполнува и има намера да ги исполни сите свои обврски во снабдувањето со енергија и додаде дека обидот на руските партнери да ја обвинат неа за сопствените грешки е „неоснован“.