Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата на индонезискиот претседател Џока Видод за самитот на Г-20, кој ќе се одржи на Бали од 15-ти до 16-ти ноември, соопштија од Кремљ.
„Планирано е нашето учество“, појаснил помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков.
Тој додаде дека засега не може да каже дали Путин ќе патува во Индонезија или ќе учествува во некој друг формат.
„Има уште многу време, се надевам дека пандемијата ќе овозможи овој важен форум да се одржи со лично присуство на лидерот“, рекол тој.
Претходно, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека не смета дека самитот на Г20 треба да се бојкотира поради евентуалното доаѓање на рускиот лидер Владимир Путин.