Путин: Киев не е заинтересиран за компромис

од Nikola Popovski
229 прегледи

Владимир Путин во телефонскиот разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека Киев не покажува сериозна посветеност за изнаоѓање заемно прифатливи решенија, соопшти Кремљ.

Во текот на денешниот разговор, Путин и Мишел ја продолжија дискусијата за, како што се наведува во соопштението, „специјалната воена операција на Русија за одбрана на републиките во Донбас“, како и за хуманитарните прашања, вклучително и мерките за евакуација на цивили.

„Претседателот на Русија укажа на фактот дека лидерите на Европската унија во нивните јавни оценки за настаните го игнорираа вчерашниот криминален и нехуман чин на украинската армија – ракетен напад врз станбена зона во центарот на Доњецк со касетни бомби што резултираше во повеќе цивилни жртви“, се наведува во соопштението.

Путин, како што се додава, ги искажал и своите оценки за тековните разговори меѓу рускиот и украинскиот претставник за договор кој ќе ги земе предвид претходните барања на Русија.

Се нагласува дека претседателот на Руската Федерација истакнал дека Киев не покажува сериозна посветеност на изнаоѓање заемно прифатливи решенија.

Слични содржини