Русија и Белорусија ќе продолжат да работат заедно за зајакнување на односите и конструктивната билатерална соработка, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во телеграмата до неговиот белоруски колега Александар Лукашенко по повод националниот празник на земјата.
„Путин изрази уверување дека Русија и Белорусија ќе продолжат да ги зајакнуваат сојузничките односи, конструктивната билатерална соработка во сите области преку заеднички напори за унапредување на заемно корисни процеси на интеграција во евроазискиот простор“, се вели во телеграмата, пренесена од прес-службата на Кремљ.
Според ТАСС, рускиот претседател истакнал дека 3 јули, кој Белорусија го одбележува како Ден на националната независност, претставува пресвртна точка во историјата на Белорусија, нагласувајќи дека „ослободувањето на Минск од нацистичките окупатори е една од најважните победи остварени во Големата патриотска војна “.