125
Луѓето во Доњецката и Луганската народна република, Запорожје и Херсонската област долги години се борат за правото да бидат со Русија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Долги години тие живееја во апсолутно различни услови на регионална и општинска власт, кои не се слични на руските“, рече Путин на седницата на Советот за локална самоуправа.
Рускиот претседател порача дека општините треба да ги знаат потребите на секое семејство на учесниците во специјална воена операција и да им пружат вистинска помош, пренесува РИА Новости.