205
Неопходно е да им помогнеме на луѓето во Појасот Газа кои страдаат од актуелните настани, посебно на Русите, тоа е наша света должност, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на видео средба со руската влада и посочи дека 900 луѓе побарале да бидат евакуирани во Русија.
„Ова е многу важна, хуманитарна, благородна мисија. Треба да им помогнеме на луѓето кои страдаат поради актуелните настани. Гледаме што се случува таму. Затоа наша света должност е да помогнеме, особено на нашите граѓани“, рече Путин, пренесува РИА Новости.
Шефот на руското министерство за вонредни ситуации Александар Куренков го информираше претседателот на државата за испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа.