„Путин може да заврши како Гадафи“: Застрашувачка објава на британски таблоид и ЗАКАНУВАЧКИ изјави на руски историчар

од Nikola Popovski
502 прегледи

„Владимир Путин стравува дека ќе биде убиен како либискиот лидер Моамер ал-Гадафи во револуцијата, додека протестите за апсењето и затворањето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални се шират низ Русија“, пишува на почетокот на текстот британскиот таблоид Сан во кој објави разговор со руско-американски дисиден, историчарот Јуриј Флештински, во кој тој тврди дека Путин ја засилува репресијата во земјата „од страв од либиското сценарио“.

Текстот е објавен под наслов „Живеење во страв: Путин се плаши да не биде убиен како Гадафи, во новата руска револуција додека беснеат протести за затворската казна на Навални“.

Флештински за „The Sun Online“ изјави дека немирите што ја зафатија Русија го убедија моќниот Кремљ дека е потребна поголема репресија и убиства на противниците за да се избегне судбината на либискиот лидер и дека Путин во моментов се соочува со еден од најголемите предизвици во последните 20 години владеење, а тоа е дека илјадници приврзаници на Навални излегоа на улиците.

Тој исто така изјавил за „Сан“ дека Путин чувствува потреба да ја засили бруталноста, со цел да ја утврди својата позиција и да задуши каква било форма на несогласување и дека рускиот лидер знае дека доколку направи отстапки, го чека слична крај како Гадафи.

„Тој е доволно паметен да знае дека во нормални услови, неговиот систем на управување не може да постои. Тој не е идеалист. Тој знае дека не може да преживее ако не продолжи да угнетува“, изјавил Флештински.

Разговорот со Фелстински беше илустриран со фотографија од Путин, но и Гадафи, додека бунтовниците го линчуваа непосредно пред егзекуцијата на 20 октомври 2011 година.

Флештински зборувал и за неколку случаи на труење на противниците на рускиот претседател Путин, како и дека слична судбина повторно го чека Навални, кој неодамна беше осуден на три години затвор.

Овој руско-американски историчар и дисидент додава дека ФСБ во Русија е единствената сила над сите партии и дека Путин не станал диктатор затоа што бил интелигентен или харизматичен, туку затоа што целата структура на ФСБ стои зад него.

„Дури и Путин да умре утре, ништо драматично нема да се промени“, додаде тој.

„Путин засега ужива во власта и не бара пензија. Не постои никакво вооружено движење што се обидува да го собори“, рече Флештински.

Слични содржини