168
Русија и земјите од БРИКС можат да играат клучна улога во решавањето на палестинско-израелскиот конфликт, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на вонредниот виртуелен самит на организацијата посветен на конфликтот на Блискиот Исток.
Тој ја повика меѓународната заедница да вложи заеднички напори за деескалација на ситуацијата, прекин на огнот и изнаоѓање политичко решение за палестинско-израелскиот конфликт.
„Земјите од БРИКС и земјите од регионот би можеле да играат клучна улога во тоа“, рече тој, пренесува РИА Новости.