Рускиот претседател Владимир Путин денеска упати честитка до претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, по повод неговиот реизбор за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК).
– Резултатите од 20-годишниот Конгрес на КПК целосно го потврдија вашиот висок политички авторитет, како и единството на партијата што ја водите – се наведува во честитката објавена на веб-страницата на Кремљ, цитирана од Интерфакс.
Путин изрази уверување дека одлуките на конгресот ќе придонесат за успешно исполнување на обемните социо-економски задачи со кои се соочува Кина, како и за зајакнување на позицијата на земјата на меѓународната сцена, пренесе Танјуг.
– Ќе ми биде драго да го продолжиме нашиот конструктивен дијалог и блиската заедничка работа на развивање на сеопфатно партнерство и стратешка интеракција меѓу нашите земји. Од се срце, драг пријателе, ви посакувам нови успеси во вашите одговорни активности – рече претседателот на Руската Федерација.
На кинескиот претседател Си Џинпинг претходно денеска официјално му беше доверен трет мандат како генерален секретар на Комунистичката партија, а уште шест членови на Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина беа избрани за следните пет години, вклучувајќи го и Ли Кечијанг – идниот премиер.