Рускиот претседател Владимир Путин му испрати честитки на Џозеф Бајден по повод победата на претседателските избори во САД, објави Кремљ.
Шефот на руската држава му посака успех на Бајден како претседател на Соединетите држави и изрази уверување дека Русија и Соединетите држави можат, без оглед на несогласувањата, да помогнат во решавање на многу проблеми.
„Подготвен сум за соработка и дијалог со вас“, потенцира Путин во честичката.
Соработката меѓу Русија и Соединетите држави на еднаква основа и со меѓусебно почитување е во интерес на луѓето од двете земји и на целиот свет, посочи рускиот лидер.