Путин му нуди вакцини на Ким Јонг-Ун

од Nikola Popovski
261 прегледи

Русија повторно ѝ понуди вакцини против коронавирус на Северна Кореја, по извештаите дека мерките против Ковид-19 се закануваат да предизвикаат глад во оваа земја.

Официјален Пјонгјанг претходно одби да ги прифати понудените вакцини од Русија, како и од други земји, наведувајќи дека во земјата нема пациенти со коронавирус. Властите протераа странски дипломати и ги затворија границите по избувнувањето на пандемијата, што доведе до прекин на трговијата со Кина, од каде Северна Кореја увезува најмногу храна, ѓубрива и гориво.

За потсетување, Ким Јонг-Ун, водачот на Северна Кореја неодамна призна дека ситуацијата е напната и дека земјата се соочува со недостиг на храна. Во својот говор минатиот месец, тој ги повика граѓаните да се подготват за најлош можен исход, и потсети на големиот глад за време на 90-тите години на минатиот век, кога неколку милиони луѓе починаа во Северна Кореја.

– Во неколку наврати ѝ понудивме вакцини на Северна Кореја – потврди Сергеј Лавров, шефот на руската дипломатија. Би-Би-Си објави дека ОН претходно процениле дека Северна Кореја годинава ќе има недостиг од дури 860.000 тони храна.

Слични содржини